Проклетството на познатото селфи од „оскарите“: Сите овие ѕвезди потонале, само ДВЕ од нив биле поштедени!

Што им се случило и каде се денес?

Сите се сеќаваме на познатата слика од доделувањето „оскари“, но откако самата авторка на спорното селфи доживеала крах во кариерата, и другите продолжиле по тој пат

Селфито од доделувањето „оскари“ во 2014 година, кое го направи Елен Деџенерес, стана планетарно популарно, но деценија и пол подоцна, актерите на фотографијата доживеале некаков пад, без разлика дали во кариерата или во приватниот живот. Некои одат толку далеку што велат дека оваа фотографија на ѕвездите е проклета.

Имено, Елен тогаш направи незаборавно, но несреќно селфи на 86. доделување „оскари“, собирајќи ги популарните холивудски ѕвезди на едно место.

На сликата беа Елен, Кевин Спејси, Бред Пит, Анџелина Џоли, Бредли Купер, Џаред Лето, Џулија Робертс, Мерил Стрип, Питер Нјонго, Џенифер Лоренс, Ченинг Тејтум и Лупита Нјонго. Осум од овие 12 познати личности се имаат соочено со негативни пресврти во своите кариери или приватни животи по ова селфи, иако во моментот кога била направена фотографијата, беа на врвот.

Да почнеме од Елен, која ја изгуби титулата „кралица на дневно забавно шоу“, откако во статија на Buzzfeed од 2020 беа изнесени тврдења во кои комичарката беше обвинета дека создава токсично опкружување на работното место.

Освен тоа, друг извор што работел во емисијата на Елен Деџенерес во 2020 година го изјавил следново за The Post:

„Сите приказни се вистинити!“

Потоа, емисијата што се емитуваше 19 години, беше прекината во 2022 година.

Кевин Спејси, пак, беше обвинет за сексуален напад. Кевин Спејси веднаш беше отпуштен од неговата серија на Нетфликс „Куќа од карти“, откако актерот Ентони Рап го обвини за сексуален напад во годините кога бил тинејџер. Овој 64-годишен „оскаровец“ се соочи со низа слични обвинувања во САД и Велика Британија, од кои потоа беше ослободен или кои беа отфрлени. Сепак, неговата кариера сè уште нема закрепнато.

Во 2016 година, омилениот пар „Бранџелина“ раскина, а Анџелина го иницирала разводот, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.

Разделбата на поранешните сопружници предизвика низа обвинувања и спорови околу старателството над нивните шест деца и поделбата на имотот, вклучувајќи ја и француската винарија, чии се ко-сопственици.

Покрај тоа, во судските документи на Анџелина се наведува дека летото 2016 година, Бред ја зграпчил за главата и ја протресол, потоа давел едно од нивните деца и удрил друго, кога се обиделе да ја одбранат.

Кога сме на оваа тема, во 2023 година Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер се разведоа по 45-годишен брак, но тие веќе биле разделени од 2017 година.

Потоа, Ченинг Тејтум и Џена Дева се разведоа во ноември 2019 година.

Бредли Купер неколку пати беше номиниран за „оскар“, но ниту еднаш ја нема освоено оваа престижна награда.

Во 2014 година, Бредли беше номиниран за својот втор „оскар“ за улогата во American Hustle. Оттогаш беше номиниран за уште 10 „оскари“, но никогаш нема освоено ниеден.

Во меѓувреме, Џаред продолжи да глуми во непопуларниот Suicide Squad и некои други неуспешни филмови.

Животите на Џулија Робертс и Џенифер Лоренс се развиваа во нагорна линија по ова селфи, па се чини дека тие две се изоставени од неговата „клетва“.

Сопругата не ја поднесува, соработниците ја тужат за мобинг, животот ѝ се распаѓа: „Не се плашам за парите, секогаш ќе живеам како сакам“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.