Сопругата не ја поднесува, соработниците ја тужат за мобинг, животот ѝ се распаѓа: „Не се плашам за парите, секогаш ќе живеам како сакам“

Не ѝ цутат рози

Бизнисот ѝ пропаѓа, а со тоа излегоа и нови, не многу ласкави детали од нејзиниот приватен живот

Приватниот живот на Елен Деџенерис (62) честопати беше изложен во јавноста и пред да почнат во март да се трупаат еден куп обвинувања за малтретирање, мобинг, расизам и сексуално вознемирување внатре во екипата со која ја работи својата шоу-програма.

Откако ја започна врската со Порша де Роси, се зборува дека односот често им е на работ на распаѓање. Во разговор со Опра Винфри во нејзината тв-емисија, Порша се потсетила на денот кога ја запознала Елен.

https://www.instagram.com/p/CDg0CzUHLYW/

„Тоа беше во 2000 и беше љубов на прв поглед. Тогаш немав храброст јавно да ја признам својата сексуална ориентација, се плашев како ќе влијае тоа врз мојата кариера“, рекла денес 47-годишната актерка и модел.

Повторно се сретнале во 2003 на доделувањето музички награди VH1 во Лос Анџелес. Набрзо потоа започнале врска, а во јавност кратко потоа заедно се појавиле на доделувањето награди Златен Глобус на Беверли Хилс.

https://www.instagram.com/p/CDkL58sMsqJ/

Две години подоцна почнале заеднички живот. Елен Деџенерис ја најавила венчавката во својата емисија и тие стапиле во брак на 16 август 2008.

https://www.instagram.com/p/CCsozIoliNQ/

Неколку години се пишувало дека живеат во хармоничен брак, но во 2013 година започнале гласините дека се развдуваат и дека има чести караници и недоразбирања меѓу нив. Наредните година дена постојано биле на насловните страници на магазини кои пишувале за нивните брачни конфликти.

https://www.instagram.com/p/CBgtrYdhGta/

Елен и Порша никогаш ништо не демантирале, но во 2014 година им досадиле озборувањата дека раскинале, па Елен им одговорила на таблоидите во своето шоу:

„Ги видов весниците, велат дека Елен и Порша се развеле. Неверојатно, а изгледаат толку среќно.“

Во 2018 прославиле 10 години брак. Порша де Роси моментално е во брак со една од најмоќните и најбогатите жени на светот. Се проценува дека богатството на Елен изнесува 340.000.000 долари. Иако се јавуваат вести за нивните караници и евентуален развод, моќниот ПР тим на Елен брзо ги замолкнува таквите озборувања.

https://www.instagram.com/p/CDpoUmBs5BU/

Сепак, кон крајот на минатата година се појавила вест дека Порша е бесна на Елен и нејзините потрошувачки навики. Наводно ѝ се налутиле, бидејќи ТВ-водителката не ѝ кажала дека купува куќа за 27.500,000 долари.

„Секогаш го земам тоа што сакам да го имам. Живеам во изобилство и секогаш ќе имам доволно пари. Така го живеам својот живот и не се плашам дека ќе останам без пари“, рекла Елен и дала до знаење дека сама одлучува како ќе ги троши парите.

Порша де Роси последниве месеци цврсто застанувала во одбрана на Елен Деџенерис од нападите дека е најлошата личност на светот.

https://www.instagram.com/p/CDkLmFuJLYd/

Пред бракот со Порша, Елен имала неколку врски со жени. Прва девојка ѝ била Кејт Перкоф, со која живеела за време на студиите во Њу Орлеанс. Се скарале, бидејќи Кејт наводно била неверна.

Повторно се виделе неколку недели подоцна во клуб во кој настапувал брат ѝ на Елен со својот бенд. Кејт сакала да се смират, но Елен била навредена. Кејт го напуштила клубот, а по концертот, Елен на пат кон дома, видела тешка сообраќајна несреќа. Следниот ден дознала дека Кејт загинала.

Тоа трајно ѝ го обележало животот. Елен била во врска со актерката Ен Хеч, на која тоа ѝ била единствената хомосексуална врска во животот. Раскинале во 2000.

Пред неа, партнерка на Елен била фотографката Александра Хедисон, која сега е во брак со актерката Џоди Фостер.

Сопругата ја поддржа Елен Деџенерис, но сепак „црно ѝ се пишува“ на славната водителка
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.