Вкусна и лековита напивка: Домашен ликер од грозје

Вкусно!

Оваа напивка уште се нарекува и еликсир на младоста

Познато е дека грозјето е многу лековите, а освен во свеж облик, можете да го консумирате и во вид на вкусен ликер.

Која сорта грозје и да ја одберете, нема да погрешите.

Состојки:
  • 1кг грозје
  • 500 г шеќер
  • 1 лимон (сок и кора)
  • 2 стапчиња цимет
  • 0,5 л вотка
  • 1 дцл ладна зовриена вода
  • 2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:

Добро измијте го грозјето, па секој грозд пресечете го на половина. Добро измијте го лимонот и изрендајте ја кората, а сокот исцедете го.

Во поголема тегла ставете грозје, рендана кора од лимон, сок од лимон, шеќер, ванилин шеќер и 2 стапчиња цимет и добро измешајте.

Сето тоа прелејте го со 0,5 л вотка и 1 дцл ладна зовриена вода.

Добро затворете ја теглата и оставете ја на темно и ладно место минимум 4 недели.

Потоа, процедете го ликерот во стаклено шише.

Вака се прави ореовка: Природен лек за тироидна жлезда и забрзување на метаболизмот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.