Некои работи не се кријат: Саша Поповиќ во врска со Неда Украден, но се вмеша и трета пејачка па настана хаос (ФОТО)

Со која на крај остана Поповиќ...

Младост – лудост!

Неда Украден своевремено во книгата што ја објави призна дека била во врска со Саша Поповиќ кој во младоста важел за вистински заводник. Во низата девојки кои трчале по Поповиќ била и пејачката Злата Петровиќ која неодамна проговори за нивните заеднички моменти.

Пејачката Злата Петровиќ вели дека нејзиниот приватен живот од секогаш бил транспарентен и затоа нема што да сокрие од јавноста, но сепак е децидна дека не сака никогаш да се снима филм за неа.

„Секоја чест, ја почитувам Неда и се што има постигнато. Изгледа како да има 30 години и тоа е за восхитување. Сакам работливи луѓе, но јас никогаш не би напишала книга. Живиот збор е најубав. Во книгата може да се разубават некои работи“, рече пејачката и додаде:

„Мислам дека на сите тие теми веќе имам зборувано. На некого тоа му е симпатично, на друг не, но најважно ми е мене што мене ми е убаво. Книгите не се за мене, не би открила ништо повеќе од тоа што сум до сега“.

Но како велат, секое време свои правила, па така се чини е и во оваа ситуација. Секој од нив е на своја страна, а тоа што им се случувало во младоста по се изгледа и ден денес им буди убави моменти.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.