Од денес почнуваат волчјите денови: Никому ништо не смеете да му дадете од својот дом до ОВОЈ датум!

Може да привлечете зло

Од денес, 16. ноември, па сè до 24. ноември, се верува дека настапуваат волчјите денови

Според старите календарски обичаи, се верува дека од 16. до 24. ноември настапуваат волчјите денови.

Со него се поврзани повеќе верувања, според кои му се врзувала устата на волкот да не ја јаде стоката. Тоа се правело на тој начин што гребни за коноп или волна се оставале од двете страни на вратата од шталата и по поминувањето на стоката тие се затворале и така се оставале подолг период, мислејќи дека така ќе им биде затворена и устата на волците.

Денес се почитува само еден обичај – никако не подарувајте предмети од вашиот дом од 16. до 24. ноември.

За време на празникот Мартинци не се дава ништо од дома. Сандаците се затвораат и не се чепкаат, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат и не прифаќаат алати, а жените не работат домашни обврски.

Старите веруваат дека ако Мартинци се паднат на ведри денови, зимата ќе биде студена и остра. Ако е магловито, зимата ќе биде магловита и променлива.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.