Еве кога никако не смеете да одите на гробишта: Се верува дека многу е опасно и дека ќе си навлечете голема несреќа!

Кога не се оди на гробишта?

Веројатно сите сме си го поставиле ова прашање барем еднаш во животот…

Иако некои обичаи имаат паднато во заборав под притисокот на современиот начин на живот, многу од нив и понатаму се пренесуваат од колено на колено. Меѓу нив особено се издвојуваат оние што се поврзани со главните животни фази – раѓањето, крштевањето и последното испраќање на вечна почивка.

Но завршувањето на животниот круг никако не означува конечен крај и заминување во заборав. Нашите сакани продолжуваат да живеат во нашите мисли и драги спомени, а им оддаваме почест со посетувањето на нивното гробно место.

Кога се оди на гробишта, а кога не?

Според христијанството, секој од нас е должен да го чува споменот на предците. А тоа најдобро можеме да го направиме преку молитвени разговори со нив, преку сеќавањата на прекрасните денови поминати заедно и, секако, преку посетувањето на нивниот вечен дом. Кога и да посакате, во секој момент, можете да одите на гробишта. Дури и кога во црква не се вршат помени за починатите.

Сепак, најголемите дилеми поврзани со прашањето кога не се оди на гробишта ги создаваат големите верски празници. Многу луѓе сметаат дека за Божиќ и Велигден не треба да се посетуваат починатите, што е погрешно верување.

Имено, денот кога Исус Христос ја победил смртта и на тој начин им подарил вечен живот на сите луѓе, се слави неколку дена. Токму вториот ден по воскреснувањето им е посветен на починатите. Според обичаите, понеделникот по Велигден треба да се „продупчат“ гробовите на најмилите со зелена трева. На гробишта се носат бојосани јајца и се палат свеќи.

И за најрадосниот христијански празник, Божиќ, треба да се посетат починатите. Односно, на првиот ден од Божиќ се дели храна за мир на душата на починатите и се оди на гробишта. Порано се верувало дека вечерата приготвена за Бадник им е наменета на починатите.

Што велат народните верувања ?

Култот на мртвите е пронижан со мистични верувања. Едно од нив е дека навечер не треба да се оди на гробишта. Всушност, се нагласува дека овие посети се многу опасни. Причината за тоа лежи во објаснувањето дека гробиштата се град на мртвите, каде што живеат нивните души.

Со оглед на тоа што покрај добри, постојат и зли души, со посетата во ноќните часови можете да ги вознемирите. Како последица на тоа, може да се појават болести, несреќи, материјални и други проблеми во вашето семејство.

Вака починатите се обидуваат да комуницираат со нас: Јасни знаци дека саканите се покрај нас и сакаат да ни порачаат нешто!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.