Ден пред Бадник: Задолжително направете ги овие 2 работи за семејството – се верува дека носат напредок!

Ослободете се од сѐ што е лошо

Еве што треба да направите денот пред Бадник

Постојат 2 многу важни верувања и обичаи што треба да ги испочитувате денот пред Бадник:

1. Денес не смеете да давате ништо од дома, во спротивно, цела година ќе ви заминуваат работи од дома. Тука најмногу се мисли на парите. Денес, единственото нешто што можете да го направите, е да ги вратите сите долгови за да ви почне годината како што треба.

2. На овој голем празник, не смеете да ги удирате децата, бидејќи така цела година ќе бидат немирни и се верува дека ќе им излезе чир на секое место каде што биле удрени.

Во некои краеви, денот пред Бадник не се вечера на маса, туку на под. Прво се послужува сол и лук, а потоа леб, грав, зелка и друга посна храна. За вечера, домаќинот мора да биде свртен кон исток.

Од денес, започнува и уредувањето и подготвувањето на домот за Божиќ, празникот на раѓањето на Христос.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.