Трикови за прекрасни нокти како да сте биле на маникир: Никако не протресувајте го лакот пред да го нанесете!

Еве зошто тоа е лошо!

Трикови како лакот за нокти да ви трае многу подолго

Трајноста на вашиот лак не зависи само од неговата формула туку и од начинот на којшто го нанесувате. Маникирката Дебора Липман, која е задолжена за маникирот на бројни познати дами во Холивуд, открила како професионалците го прават тоа.

1. Секогаш почнувајте да го нанесувате лакот од заноктицата.

2. Внимавајте да одбегнете директен контакт со заноктицата, за да спречите побрзо лупење на лакот.

3. Никако не протресувајте го лакот пред да го нанесете, бидејќи така во него се прават балончиња полни со воздух, поради кои лакот не легнува правилно на ноктот, па побрзо се лупи. Наместо тоа, внимателно протријте го шишенцето меѓу дланките.

4. Секогаш купувајте лак што има поголема четкичка.

5. Лакирањето започнете го од средината кон краевите. На крајот, задолжително затворете го врвот на ноктот, со помош на врвот на четкичката. Така се продолжува трајноста на лакот.

6. Нанесете прелив и оставете го да се исуши. Ако ставате потемна боја, користете база, бидејќи подоцна полесно ќе можете да го извадите лакот.

7. Не ги потопувајте ноктите во вода пред и по нанесувањето лак, за да може добро да се исуши и подолго да трае.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.