Кога се појавила на аеродром, сите гледале зачудено во неа: Еве како изгледа Ријана по второто породување!

Сите се шокирани!

Ријана ги изненади сите со младешкиот изглед, а нејзиниот капут ги воодушеви жените ширум светот

Пејачката Ријана и раперот АСАП Роки ја пречекале Новата година на прекрасна дестинација со своите преслатки синови. Имено, тие ги поминале празниците на планините Аспен во Колорадо. Меѓутоа, на одморот му дошол крајот, па светските ѕвезди со приватен авион се вратиле дома, за да им се вратат на обврските.

Папараците ја уловиле Ријана без грам шминка на лицето и во малку чудна модна комбинација. Таа се појавила во долг леопардски капут, кој импресионирал многу дами, бидејќи ѝ дава доза на раскош на секоја модна комбинација.

Но пејачката се одлучила да спои неспојливи парчиња, па така под него носела сива тренерка, а на нозете носела чизми за на снег, додека преку рамениците носела црна спортска торба и зелена капа на главата. Тоа е нетипично за Ријана, но изгледа дека таа не им обрнува внимание на коментарите од модните експерти, туку ја става удобноста на прво место.

И покрај тоа, сите се воодушевиле од природниот изглед на популарната пејачка, која се преполовила само неколку месеци по породувањето и речиси нема ниту една брчка на лицето.

Од друга страна, АСАП одбрал многу едноставна комбинација – бела маица, црни панталони и сива јакна.

Присутните забележале дека тие се многу добро расположени, како и дека одлично се снаоѓаат во улогата на родители.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.