Кога некоја жена кај нас би се облекла вака, би ја прогласиле за луда: Сара Џесика Паркер прошетала во различни сандали

Го привлекла сето внимание

Еден детаљ го подигнал стајлингот на повисоко ниво

Сара Џесика Паркер заблескала на гламурозен настан во театарот „Линколн центар“ во Њујорк, држејќи се за рака со својот сопруг, актерот Метју Бродерик.

Оваа позната актерка уживала во вечерта посветена на балетот, а за таа пригода одбрала елегантна црна тоалета. Фустанот, инспириран од балетски мотиви, ги откривал раменици со ракавите до лакот и прорез по должината на средината на горниот дел, потсетувајќи на неколку модни изданија на Кери во ТВ-серијата „Сексот и градот“. Долниот дел на тоалетата бил украсен со многу тул, додека Сара го надополнила свечениот изглед со долга сатенска лента во косата, која достигнувала речиси до подот, и со светкава сребрена чанта.

Особено интересни биле нејзините обувки – сатенски сандали во различни бои од нејзината колекција SJP by Sarah Jessica Parker.

Моделот Dish е специфичен по тоа што еден пар содржи чевли во различни нијанси, па Сара носела комбинација каде што една обувка била црна, а другата светло виолетова.

Кога некоја жена кај нас би обула вакви чевли, сите би помислиле дека станува збор за грешка или дека нешто не е во ред со неа.

Бајковит фустан во стилот на старите холивудски диви: Сара Џесика Паркер овој пат ја надминала и Кери Бредшо!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.