Ким Кардашијан го носи омразениот тренд од 1990-тите, а етикетата на фустанот го украде шоуто (ФОТО)

Иста Мортиша Адамс!

Фото: Vendetta / BACKGRID / Backgrid USA /

Ким Кардашијан чекаше до самиот крај на Париската модна недела (26 февруари – 5 март) за да го посети овој традиционален моден настан. Таа се појави на ревијата на контроверзниот бренд Баленсијага во издание кое се споредува со стилот на филмската хероина Мортиша Адамс од познатото семејство Адамсови. Ова не е прва ваква споредба, а вниманието го украдоа и овие детали.

Имено, ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан, која во Париз се појави со повредени прсти и фластери на раката, го промовира трендот на луксузни бунди, а многумина се надеваат дека станува збор за вештачко крзно.

Овој омразен тренд од 1990-тите – а црната бунда на неа одлично се вклопува во тој моден правец – беше популарен и кај нас. Се врати оваа сезона, па бундите можат да се видат и на Кејт Мос и Кендал Џенер.

Ким избра долги бунди во црна боја и животински дезен сличен на оној во кој неодамна се појави Ева Мендез. Ги комбинира со шпиц-чевли, а ова масивно парче облека го „извади“ целиот стајлинг.

Имено, на ревијата на Баленсијага, чиј моден амбасадор е самата, наиде на многубројни критики, појавувајќи се во фустан со крој на сирена со етикета на грбот, како „шик“ детаљ, а воедно им одржа лекција на фотографите како треба да ја сликаат.

Фото: Vendetta / BACKGRID / Backgrid USA /

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.