Ксенија Кнежевиќ го промени животот поради здравствени проблеми: „Имам нов начин на живот“

Eве како Ксенија го променила својот живот...

Ксенија Кнежевиќ, ќерката на Ненад Кнежевиќ Кнез, се здоби со популарност како членка на групата „Hurricane“, по што ја продолжи својата соло кариера.

Иако е исклучително убава и секој мускул и е оцртан на телото, пејачката не крие дека е на посебен режим на исхрана, кој го вовела и за да изгледа подобро и поради сериозните проблеми со тироидната жлезда со кои морала да се справи.

„Изгубив околу 10 килограми. На диета сум и поради тироидната жлезда, но ми се допаѓа. Имам нов начин на исхрана, нов начин на живот, јадам салата“ – низ смеа рекла Ксенија и додала:

„Здосадува да, но убаво е кога ќе го видите напредокот и себеси во огледало, кога луѓето ќе ви кажат. Навистина е пријатно, се чувствувате подобро, сакате да одите на настап и да снимате видео. Претпоставувам дека сето тоа ме инспирираше, колку и да звучи погрешно. Ние сме жени, веќе знаете како е во оваа работа“ – заклучи Ксенија.

Да потсетиме, пејачката ги изненади сите кога пред неколку месеци откри дека се соочува со низа сериозни здравствени проблеми.

„Оваа работа е стресна и добив психофизички проблеми. Имам проблеми со хормоните, тироидната жлезда, јајниците и отпорноста на инсулин. Кога не знаете да кажете „не“, вашето тело го прави тоа наместо вас. Им препорачувам на младите да не дозволат да бидат манипулирани и јасно и гласно да го зборуваат она што го мислат“ – изјави неодамна Ксенија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.