Сека Алексиќ го посети гробот на татко ѝ: Со години не зборувала со него, се смириле пред неговата смрт (ФОТО)

Тажно...

Пејачката Сека Алексиќ го посети гробот на нејзиниот покоен татко Милорад Алексиќ, кој почина во 2017-та година.

Сека сподели емотивна фотографија на својот Инстаграм профил на која накратко напиша „Тато“.

Инаку, Сека Алексиќ во еден момент од животот целосно го изгубила контактот со својот татко. Поради војната, Сека со мајка и, брат и и очувот се преселила од родниот град, прво во Бања Ковиљача, потоа во Липолист, а татко и заминал во Австрија.

Со години не се слушнале и не се гледале, додека еден ден нејзината тетка не го сретнала татко и во Австрија. Се слушнале, а по неколку години се виделе. Два часа се гушкале и плачеле.

„Кога растев, јас и татко ми го имавме овој прекин во комуникацијата затоа што отидовме во друга земја, тој замина во Австрија. Тогаш имаше само фиксни телефони и беше многу тешко да се најде се, но имаше период кога некако се најдовме. Тетка ми тогаш отиде да живее во Австрија, како бегалец, а ние со тогашниот очув отидовме во Бања Ковиљача и еве на што се сетив сега, тетка ми беше таа што го најде татко ми во Австрија, во Виена. Тој беше нејзиниот девер, а целото семејство на мајка му го обожаваше. Тој беше најдобар. И така стапивме во контакт, тетка ми ни даде фиксен телефон од комшијата, се јавив. Но, кога ми се јави тато, да ти кажам право, не се чувствував како да разговарам со тато. Тоа е чудно чувство.“ – истакнала Сека во една емисија.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.