Џулија Фокс ја добила „наградата“ за најшокантна и најнепријатна појава на годинешното доделување „оскари“
Актерката и некогашна девојка на Канје Вест, Џулија Фокс, по раскинувањето со раперот, се обидува да остане во центарот на вниманието со својот шокантен изглед и начин на облекување. Така било и овој пат кога се појавила на забавата што ја организирала фондацијата на Елтон Џон.

Облечена во црно мини-фустанче од тил, со горен дел што ги покривал само брадавиците на нејзините бујни гради, таа изгледала крајно вулгарно и непријатно.

Потоа, се појавила на забавата по доделувањето „оскари“, облечена во црн, кожен, тесен фустан, додека на главата носела црн превез како вдовица.

Џулија Фокс неколку пати гордо има изјавено дека нема стилист и дека сите свои стајлинзи ги прави сама, па сега сите ја замолуваат да се консултира со некого пред да се појави на црвениот килим.