Најубаво облечените ѕвезди на доделувањето „оскари“ 2024: Елеганција, гламур и сјај!

Кери Малиган доминирала

Дознајте кој заблескал на доделувањето „оскари“ оваа година

Доделувањето „оскари“ 2024 ги прослави најдобрите филмски перформанси за минатата година, но пред тоа на црвениот килим, ѕвездите ги покажале своите најдобри модни перформанси.

Многу ѕвезди одбрале креации што се помеѓу традиционалниот и современиот стил, што резултирало со стајлинзи кои биле гламурозни и безвременски, но модерни истовремено. Иако резултатите од самите „оскари“ честопати се непредвидливи, едно е сигурно: манифестацијата би требало да содржи и посебна награда за најдобро облечена ѕвезда на црвениот килим!

Некогаш ѕвездите имаат цел да остават одредена порака или печат преку облеката, без разлика дали станува збор за порака со политичка конотација, за нивните најнови проекти или, едноставно, за нивниот однос кон својот личен животен стил. Така, во 1955 година свилениот фустан на Идит Хед за Грејс Кели, ја издвоила актерката од нејзините колешки, бидејќи фустанот го креирала костимографка, а не модна куќа. Исто така, на „оскарите“ 2020 година Натали Портман носела фустан на Dior Haute Couture, чијашто црна наметка до подот содржела вез со испишани имиња на сите женски режисерки кои не биле номинирани тогаш.

Ни денес ситуацијата не е ништо подобра, бидејќи оваа година, Жастин Трие беше единствената жена што успеа да се најде меѓу номинираните режисери, а имаше и други што заслужија номинација.

Оваа година, на црвениот килим на „оскарите“ 2024, ѕвездите ги поместиле границите и се појавила во интензивни и смели бои, креативни силуети, деколтиња и фустани со пораб до подот – сите годинешни кандидати за „оскар“ и сите присутни се појавиле за да импресионираат, но само неколкумина може да се каже дека биле најдобро облечени.

Во продолжение погледнете дел од најубаво облечените ѕвезди на доделувањето „оскари“ 2024.

Марго Роби во фустан на „Версаче“

Ема Стоун во фустан на „Луј Витон“

Зендаја во фустан на „Армани Приве“

Џенифер Лоренс во „Кристијан Диор“

Кери Малиган во фустан на „Баленсијага“

Ања Тејлор Џој во фустан на „Кристијан Диор Хауте Котур“

Грета Гервиг во „Гучи“

Емили Блант во креација на „Скјапарели“

Габриел Јунион во тоалета на „Каролина Херера“

Грета Ли во фустан на „Лоеве“

Флоренс Пју во фустан на „Дел Кор“

Реџина Кинг во „Версаче“

Кирстен Данст во фустан на „Гучи“

Жастин Трие во костим на „Луј Витон“

Лили Гледстон во „Гучи“

Сандра Хулер во фустан на „Скјапарели“

Лупита Најонго во „Армани Приве“

Америка Ферера во креација на „Версаче“

Кога Ева Лонгорија се појавила на 96. доделување „оскари“, сите останале без здив: Ова е најубавиот црн фустан на сите времиња!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.