Актерката има толку пари што заборавила на својата чанта од злато: Ќе ви се заврти во глава кога ќе прочитате колку чини!

Цена боли глава

Актерката Хилари Даф одбрала чанта од која ќе ви застане паметот

При изборот на гардероба и работи за викенд-одмор, актерката Хилари Даф на Инстаграм споделила фотографија од својата чанта.

Станува збор за иконската чанта „Ерме Биркин“, која актерката ја купила уште кога заработувала многу додека глумела во продукцијата „Дизни“.

Чантата во сина боја има златни детали, меѓу кои и златен катанец што виси на ремче. Чантата обично се продава за повеќе од 25 илјади евра.

„Ја купив оваа ’девојка’ пред речиси 20 години во Париз и одлучив да ја избришам прашината од неа и да ѝ дозволам да види бел ден за нашиот викенд-одмор. Толку е слатка“, напишала Даф на инстаграм-објавата на стори, што значи дека ја купила чантата околу својот 16-ти роденден, кога била Дизни-ѕвезда во хитот „Лизи Мегваер“.

Во далечната 2011 година, Хилари Даф била забележана во Лос Анџелес како ја носи истата голема чанта во сини нијанси. Тогаш ја искомбинирала со сини „Најк“ патики, проѕирна блуза во сива боја и црни хеланки.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.