Најпопуларните чизми чинат 500 евра, а мислењата се поделени: Некои жени ги обожаваат, додека други не можат да ги поднесат!

Што мислите вие за нив?

Ги нарекуваат најгрдите чизми на светот

За оние со многу долги нозе, UGG имаат решение – UGG Classic Ultra Ultra Tall. Името многу добро ги објаснува самите чизми. Многу се високи – дури 66 сантиметри.

„Classic Ultra Ultra Tall имаат конвертибилен горен дел со четири дела со патент, така што можете да ги носите како сакате“, велат од брендот.

Чизмите се направена од мешавина на волни и го нудат истото познато чувство, со поголема сестраност и повеќе начини на носење. Достапни се во две бои – црна и Chestnut Multi, а моментално може да се најдат на американскиот вебсајт на попуст, по цена од околу 386 евра. Редовната цена им е околу 552 евра.

Многумина ги интересираше како изгледаат на нозе

Тиктокерката Ерин во своето видео истакнува дека видела реклама за нив, па ја интересирало како изгледаат на нозе. Видеото досега има повеќе од 8 милиони прегледи и многумина се запрашале истото во коментарите.

„Не се толку лоши“

Една тиктокерка ги исполнила желбите на своите следбеници. Емали ги набавила и покажала како изгледаат од сите страни.

„Изгледаат добро на тебе“; „Забавни се“; „Не се толку лоши“; „Ме потсетуваат на големи птичји нозе од некоја причина“; „Луди се, но ми се допаѓаат од некоја причина“, се само некои од коментарите под видеото на Емали.

@trapqueenfind The boots have arrived! lol Check out my initial review of the much anticipated @UGG® boots everyone has been wanting to see on an actual person! . . #uggs #uggboots #uggultraultratall #uggunboxing #unboxing #uggseason #boots #viraltiktok #viralvideo #fyp #thighhighboots #blackgirlfollowtrain #uggboottryon #winterboots #dealtrapqueen ♬ original sound – Southern Trap Queen

„Чизмите што сите сакаа да видат како стојат, пристигнаа“

Уште една тиктокерка покажала како изгледаат во живо на неа и ги носела подолг период за да може да ги оцени.

„Чизмите што сите сакаа да ги видат на некому, пристигнаа“, напишала таа.

На крајот на видеото заклучила дека чизмите ѝ се допаѓаат.

Што мислите вие за нив? Би ги носеле?

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе