Пита со сирење што лесно се приготвува, а вкусот е фантастичен: Подобра е од купечката!

Рецепт за најдобрата пита со сирење

Оваа пита можете да ја јадете и за појадок и за вечера – никогаш нема да ви досади

Оваа совршена пита од готови кори се приготвува за миг. Идеална е кога немате многу време, па сакате да направите нешто набрзина.

Состојки:
  • 500 г готови кори
  • 3 јајца (за премачкување)
  • 1 лажиче сол
  • 1 чаша масло (од 200 мл)
  • 1 чаша јогурт (од 200 мл)
  • прашок за печиво
  • половина чаша брашно
  • 500 г свежо сирење
  • 1 јајце
  • половина лажица сол
Приготвување:

Измешајте ги јајцата, маслото, солта и брашното во една поголема чинија, а во друга чинија, измешајте јајце, сирење и сол. Потоа, одвојте 4 кори, замотајте ги и исечете ги на ленти. Премачкајте плех со масло. Расучете една кора и премачкајте ја до пола со смесата од првата чинија, а потоа, ставете две лажици фил од другата чинија. Преку тоа посипете ја сечканата кора и превиткајте ја кората, па сувиот дел премачкајте го со првата смеса и завиткајте ја како пита.

Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите кори. Премачкајте ја целата пита со преостанатата смеса и ставете ја да се пече во рерна на 180 степени, 25 минути. Кога ќе се испече, можете да ја покриете малку за да омекне. Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.