Познатиот актер како да пропаднал во земја: Нема да ви се верува каде се појавил сега и како изгледа!

Никој не би го препознал

Го паметиме како згоден женкар и неодолив убавец, па неговата трансформација е шокантна

Сите го знаеме Мет Лебланк по улогата на големиот заводник Џои во популарната серија „Пријатели“.

Меѓутоа, актерот веќе не изгледа како порано и сите кои беа лудо вљубени во него додека ги гледаа лудориите на симпатичниот италијански актер, денес не би го ни препознале.

Облечен во лежерна облека, со видливи вишок килограми, тој бил виден пред ресторан за брза храна. Од крајот на серијата „Пријатели“, која се емитуваше од 1994 до 2004 година, Мет значително го променил изгледот. Последниве години ретко се појавува во јавност.

Улогата на Џои Трибијани го прослави и тој им беше омилениот лик на многумина. Благодарение на него, заработи три номинации за награда „Еми“, најважната телевизиска награда. Кога заврши „Пријатели“, Лебланк продолжи да го глуми Џои во сопствен ситком со наслов „Џои“, кој беше откажан по само две сезони.

Актерот немаше ниедна улога од 2006 до 2013 година, кога продолжи да се појавува во ТВ-серии. Неговата последна улога беше во серијата „Човек со план“. Тој ситком престана да се емитува во 2020 година и оттогаш Мет нема глумено никаде.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.