Мафини од шпагети со најмеките ќофтиња во доматен сос: Неодоливо јадење за кое сите ќе ви бараат рецепт!

Пробајте!

Мафините од шпагети се многу декоративно јадење, но што е уште поважно – превкусни се!

Доколку ви досадиле обичните шпагети со ќофтиња, ви предлагаме генијален начин како да го приготвите ова јадење. Ќе ви треба калап за мафини и приготвувањето на овој интересен оброк може да започне!

Состојки:
  • 1 пакување шпагети
  • пармезан

За ќофтињата:

  • 500 г мелено месо по избор
  • 75 г ориз
  • 1 кромид
  • 2 јајца
  • 2 лажици лебни трошки
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажиче слатка мелена пиперка
  • 50 мл вода
  • сол
  • бибер
  • малку ситно сечкан свеж магдонос
  • 2 лажици маслиново масло

За доматниот сос:

  • 500 мл пасиран домат
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици мазно брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1,5 л вода
  • сол
  • бибер

Приготвување:

За ќофтињата: Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, па продинстајте ги на загреано маслиново масло, додајте ориз и пржете околу 2 минути, додека добијат стаклеста, жолтеникава боја. Тргнете го од рингла и оставете да се олади.

Во сад ставете мелено месо, додајте тостиран ориз, лебни трошки, јајца, зачини и вода, па сето тоа добро измешајте го со раце.

Оставете ја смесата да отстои барем половина час. Од смесата формирајте мали топчиња и ставете ги во приготвеното тавче.

За сосот: Во поголем сад загрејте масло, па додајте брашно и пропржете го малку. Потоа, додајте пасиран домат и вода и сето тоа добро измешајте го. Додајте шеќер, сол и бибер, па гответе на средно силен оган, околу 10 минути.

Сварете ги шпагетите, па процедете ги и сипете маслиново масло преку нив за да не се залепат. Врз оладените шпагети посипете пармезан и промешајте.

Ставете ги шпагетите во намрсени калапи за мафини, така што во средината ќе направите вдлабнатина и во која ќе ставите од сосот. Потоа, одозгора ставете ќофте, кое ќе го прелиете со лажица сос и врз кое ќе посипете уште пармезан.

Вака приготвените шпагети ставете ги во претходно загреана рерна и печете ги 20-25 минути.

Кога ќе ги извадите од рерна, оставете ги да се оладат малку, за да можете полесно да ги извадите од калапите.

Погледнете како да го приготвите овој вкусен и необичен оброк во видеото во продолжение…

Сос болоњезе директно од италијанската кујна: Готвач открива како се приготвуваат најсовршените шпагети!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.