„Здравиот просјак е посреќен од болниот крал“: 10 брутално искрени мудрости на Шопенхауер

Ќе ве сменат од корен

Ви откриваме 10 цитати на познатиот германски филозоф Артур Шопенхауер, кои можат да ви го сменат погледот на светот, околината и животот

Артур Шопенхауер бил познат германски филозоф, а неговите мудри зборови и денес одѕвонуваат ширум светот. Шопенхауер бил идеалист, класичен претставник на песимизмот, кој на волјата ѝ давал главно место во својата метафизика. Тој сметал дека волјата е основа на сè.

Неговите најмудри мисли ги менуваат сите луѓе што внимателно ќе ги прочитаат…

1. Верата е како љубовта: не треба да се наметнува. Затоа, залуден е секој труд да се воведе или зацврсти во државните мерки.

2. Здравјето ги надминува сите можни богатства, па така, здравиот просјак е посреќен од болниот крал.

3. Малку работи има што можат повеќе да ги расположат луѓето од тоа кога ќе им раскажеме за некоја неволја што нè снашла.

4. Богатството е како морска вода: колку повеќе ја пиеме толку пожедни сме.

5. Луѓето функционираат во општеството поради внатрешната празнина и досада. Ако почувствуваат дека се потребни, луѓето стануваат гневни и арогантни.

6. За да се признае туѓата вредност, треба да се поседува сопствена вредност.

7. За време на разговор, паметните луѓе помалку мислат на тоа што го зборуваат, а повеќе мислат на тоа со кого разговараат. Така, може да биде сигурен дека нема да каже ништо поради коешто би се каел подоцна.

8. Судбината ги меша картите, а ние играме.

9. Најголема лудост од сите е да се жртвува сопственото здравје, без разлика дали станува збор за стекнување имот, за напредување во кариерата, за учење, за слава, а за краткотрајните уживања, воопшто и да не правиме муабет. Здравјето секогаш треба да биде на прво место.

10. Оној кој им е пријател на сите, не е ничиј пријател.

Шопенхауер сметал дека волјата е основата на сè. Волјата е вечно незадоволена и затоа, животот е бескрајно страдање, а овој свет е најлошиот можен свет. Целта на животот е да се постигне нирвана. Неговото најпознато дело е „Светот како волја и претстава“. Поголемо влијание постигнал пред крајот на животот и по смртта.

Како да живеете без каење: Ова прашање ќе ви помогне да ја научите најважната лекција во животот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.