Сос болоњезе директно од италијанската кујна: Готвач открива како се приготвуваат најсовршените шпагети!

Највкусните тестенини

Во италијанската кујна доминираат шпагетите болоњезе, а ова е оригиналниот рецепт

Познатиот италијански готвач Стефано Цила го открил рецептот за најдобриот сос болоњезе.

Овој врвен готвач нагласува дека најпрво многу е важен правилниот избор на мелено месо, па советува да купите месо со поголем процент на масност.

Понатаму, ги наведува и преостанатите состојки:

  • голема главица кромид
  • 2 моркова
  • 100 г целер
  • малку рузмарин
  • 1,5 литри пасиран домат
  • 100 мл екстра девствено маслиново масло
  • 200 мл добро црно вино
  • сол и бибер

Што се однесува до тестенините, препорачува само шпагети.

Стефано вели дека сосот мора да се готви околу три и пол часа за да добиете најдобар вкус.

Приготвување:
  • Исечкајте го зеленчукот на мали коцки, а потоа ставете го во лонец каде што претходно сте загреале маслиново масло.
  • Додајте гранче рузмарин и гответе на средна температура околу 5 минути.
  • Додајте месо, сол и бибер, па ставете на силен и гответе со повремено мешање.
  • Кога месото ќе добие кафеава боја, извадете го рузмаринот (ако сте користеле гранчиња), додајте црно вино и оставете го алкохолот да испари.
  • Потоа, ставете го и пасираниот домат и гответе на тивок оган, три и пол часа.
  • На секои 10-15 минути повремено промешувајте.
  • Додајте уште зачини по желба.
5 грешки во приготвувањето сос болоњезе што сите ги правите: Престанете веднаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.