5 грешки во приготвувањето сос болоњезе што сите ги правите: Престанете веднаш!

Не го расипувајте вкусот

Ви ги откриваме најчестите грешки за време на правењето сос за шпагети болоњезе

Болоњезето е омиленото јадење во многу домови, бидејќи брзо се приготвува, а заситува. Но во текот на приготвувањето на сосот, многу домаќинки прават одредени грешки.

Користите свеж домат

Доколку за приготвувањето на сосот користите свеж домат, правите голема грешка. Ако сепак не сакате да користите пасиран, премачкајте го доматот со маслиново масло, отсечете го дното и печете го во рерна 20-тина минути. На тој начин, доматот ќе ги испушти шеќерите и киселините и ќе биде повкусен.

Предолго го готвите сосот

Можеби мислите дека со подолго готвење и мешање ќе добиете повкусен сос, но грешите. Верувајте, доволно е да го загревате 5 или 10 минути на силен оган. Состојките сосема добро ќе се поврзат за тоа време.

Не го пржите правилно лукот

Загорениот лук е најчестата грешка на неискусните домаќинки. За да го одбегнете тоа, почекајте маслото добро да се загрее пред да го додадете лукот. Потоа трпеливо почекајте додека добиете златна боја и убав пржен вкус.

Го додавате сосот во тестенините

Правило е сварените тестенини да ги префрлите во тавчето и уште некое време да ги загревате со сосот. Ако сосот и тестенините ги готвите заедно неколку минути, ќе бидат повкусни и посочни. Па затоа, заборавете на навиката да го додавате сосот во готовите тестенини и така да ги служите.

Заборавате на путерот

Еден од начините да го згуснете купечкиот сос е да го загреете малку со кромид и лук, а на крај да додадете малку путер. Путерот ќе го подобри вкусот на сосот и ќе го направи кремаст.

Го пробувате сосот дури на крај кога е веќе готов

Пробувањето на сосот во текот на приготвувањето е најдобриот начин да проверите дали сосот е добро зготвен и дали состојките се поврзале убаво.

Сите погрешно го приготвуваме сосот болоњезе: Италијански готвач го открива правилото за најсовршените шпагети!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.