Џеј Ло ги нагласила атрибутите во секси сребрено издание: Кога зачекорила на црвениот тепих, никој не го тргнал погледот од неа!

Доделување на АМА награди во корона услови

На еден од ретките црвени теписи последнава половина година, Џеј Ло привлекла големо внимание

Џенифер Лопез (51) синоќа настапила на доделувањето награди АМА во Лос Анџелес, која поради пандемијата на коронавирус била одржана во специјални услови, а на црвениот тепих се појавила во сребрено издание.

Латино дивата за овој настан одбрала дводелен сребрен макси фустан со потпис на луксузната модна куќа Балмаин. Длабокиот изрез на овој модел ги открил нозете на славната американска пејачка и актерка.

Секси стајлингот го искомбинирала со соодветен кроп-топ со долги ракави и нагласени рамена, а деколтето дополнително ја нагласил нејзината фигура.

Овој модел ги открива сите критични женски точки, како што се стомакот и струкот.

Џеј Ло овој стајлинг го зачинила со сандали украсени со блескави апликации со високи потпетици, светкава чанта и неколку дискретни парчиња накит.

Секси-колекција на обувки на латино-дивата: Чизмите на Џенифер Лопез се доволни да привлечете внимание (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.