Центарот за контрола на болести го проширил списокот на симптоми на коронавирус: Ова се 17-те најчести!

Обрнете внимание

Фото: Илустрација

Американскиот Центар за контрола на болести додал уште неколку чести знаци на ковид-19 што се јавувале кај заболените

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести го променил списокот на симптоми на коронавирус, проширувајќи ја листата за уште 17 знаци, кои можат да укажуваат на инфекција со вирусот ковид-19.

Сега ова е официјалниот список на симптоми на коронавирус:

1. Замор

Еден од симптомите на коронавирус кој најдолго трае е тешкиот умор. Изминативе девет месеци сè поголем број луѓе пријавуваат екстремна истоштеност и млитавост, толку голема што едвај стануваат од кревет.

2. Краток здив

Истражувањето спроведено на 143 лица отпуштени од римски болници покажало дека 53 отсто од нив пријавиле замор и краток здив меѓу симптомите. Истражувањето спроведено во Кина покажало дека 25 отсто од лицата заразени со коронавирус имале абнормална белодробна функција до три месеци.

3. Кашлица

Кашлицата е најчестиот симптом што се забележува кај заболените од коронавирус, а кај некои траела и 4 до 5 месеци.

4. Болка во зглобовите

Како и многу други и вируси, и короната може да се манифестира со болки во зглобовите.

5. Болка во градите

И ова е еден од симптомите што сè почесто се пријавува помеѓу заболените од ковид.

6. Тешкотии со размислувањето и концентрацијата

Спаѓа во невролошките симптоми кои се забележуваат кај ковид пациентите, покрај главоболката, лошиот сон и анксиозноста.

7. Депресија

Многу ковид пациенти пријавиле депресија предизвикана од заболување со коронавирус.

8. Болка во мускулите

Неодамнешно истражување на група излечени од коронавирус покажува дека до 60 отсто од нив можат да искусат болка во мускулите како симптом.

9. Главоболка

Покрај заморот, краткиот здив и кашлицата, ова е симптомот што најчесто се пријавува.

10. Температура

Може да се појави и да исчезне, да биде висока или ниска, но во секој случај, температурата е исто така еден од главните показатели на коронавирус.

11. Забрзана работа и чукање на срцето

Повеќе истражувања покажале дека коронавирусот влијае и врз здравјето на срцето, а некои од симптомите се тахикардија и аритмија.

12 – 17 Тешки компликации со органите

Овие симптоми се поретки од претходно наведените, но сепак биле често пријавувани. Тоа се:

  • воспаление на срцевиот мускул
  • намалена функција на белите дробови
  • акутно заболување на бубрезите
  • јадеж на кожата и губење коса
  • проблеми со сетилата за вкус и мирис, проблеми со спиење, тешкотии со помнење
  • депресија, анксиозност, промени на расположението.
7 нови симптоми на коронавирус: Откриени неочекувани знаци на инфекција!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.