Ручек подготвен за 15 минути: Посна паста со туна
Не е лесно да смислите оброк кој брзо се подготвува во деновите кога се пости. Затоа овој оброк е идеален за денови кога ви е дозволено да јадете риба, а може да се јаде и ладно, и со самото тоа да го носите на работа или на училиште.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
400гр. тестенини без јајца
Конзервирана туна
1 главица кромид
2 чешниња лук
Конзервиран домат
Босилек
Маслиново масло
Сол, бибер
ПОДГОТОВКА
Во поголем сад загрејте вода. Загрејте го маслиновото масло во тава и пропржете ги ситно исецканите лук и кромид.
Кога ќе зоврие водата, ставете сол и додадете ги тестенините и гответе според упатството на пакувањето, 10-12 минути.
Во тавата додадете ја туната, потоа исецканото доматно пире и зголемете ја температурата на огнот за да се крчка.
Кога тестенините ќе бидат готови, зачинете ги со сосот, бибер и босилек, а потоа измешајте и сервирајте ги топли.
Ако имате растителен кашкавал, изрендајте врз јадењето пред да сервирате.
Коментарите се заклучени.