ПОСНИ чоколадни бомбици од 5 состојки

За денешната посна трпеза ви ги предлагаме овие чоколадни бомбици, за кои се потребни само 5 состојки, од кои 2 се зачини. Значи, ако ги одземеме зачините, остануваат три состојки. Освен тоа, ќе ви биде доволно половина час за да ги приготвите.

Причината за споделување на овој рецепт е нивниот интензивен чоколаден вкус, но и со оглед на тоа дека аромата на бомбиците е навистина моќна, ќе ви бидат потребни само две-три за да ја задоволите вашата желба за нешто слатко.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 24 помали топчиња

200 грама кандирани урми

2 супени лажици кокосово масло

1 кафена лажичка рум (може и без неа, доколку не сакате вкус)

Прстофат сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

1. Проверете дали урмите се меки. Доколку не се, потопете ги во вода и оставете ги да отстојат најмалку еден час.

2. Урмите исчистете ги од семките, па заедно со какаото, кокосовото масло, румот и солта ставете ги во блендер. Блендирајте неколку минути додека смесата не стане мазна. По потреба, доколку смесата е премногу густа, додајте една лажичка вода.

3. Од смесата направете топчиња така што ќе ги вртите помеѓу дланките. Бидејќи имаат интензивен вкус, нека бидат помали. Оваа смеса ќе ви биде доволна за отприлика 24 топчиња.

4. По ваш избор, секое топче декорирајте го со малку какао во прав, кокосово брашно, рендано чоколадо, мелени бадеми или лешници. Можете да ги чувате во фрижидер неколку недели.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.