Вкусни и меки: Најдобар рецепт за мафини со чоколадо!

Ммм превкусен десерт!

Мафини со банана и топено чоколадо - рецепт на Елена Андоновска @pomojvkus

Мафините се традиционални американски колачи, варијанта на британското уживање кое доби нов изглед и вкус. Мафините обично се подготвуваат во посебни калапи за мафини, со 12 или повеќе отвори за рамномерно печење. Калапите се обично метални или силиконски и доаѓаат во различни големини. Иако сите го препознаваме карактеристичниот облик на мафините, тие можат да се печат и во обично тавче, а потоа да се послужат исечени на коцки.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 120 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • прашок за пециво
  • 250 гр брашно
  • 120 мл масло
  • 200 грама чоколадо исечкано на парчиња

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе тава или калап за мафини – обложете го со хартија за печење. Изматете ги јајцата и шеќерот во компактна смеса. Додадете ги сите течни состојки и измешајте. Во посебен сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Во смесата од течните состојки додавајте лажица по лажица, за да не се формираат грутчиња. На крај додадете ги парчињата чоколада и измешајте. Истурете ја смесата во тавата и печете 20 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.