7 начина како да користите сода бикарбона за нега на телото: Секоја жена треба да ги знае овие корисни совети

Добро е да се знае

Можете да го негувате телото лесно и евтино со сода бикарбона

Помошта најчесто се наоѓа на места каде што најмалку се очекува. Овој пат содата бикарбона доаѓа на помош како вистински суперхерој. Еве за што сè може да ви помогне овој прашок, што можете да го купите во секоја аптека.

1. Против убоди од инсекти

Содата бикарбона може да се нанесе на кожата во форма на паста, направена од едно лажиче сода бикарбона и топла вода. Инстантно помага во случај на убоди од инсекти и јадеж.

2. За бактериски инфекции

Измешајте четвртина лажиче сода бикарбона со две литри вода и пијте ја напивката секојдневно. На тој начин ќе ги намалите шансите за ширење на бактериите.

3. Миење и плакнење на забите и устата

Само нанесете сода бикарбона на четкичка и измијте ги забите, а потоа ставете лажиче сода бикарбона во мала чаша со вода и користете го тоа како природно средство за плакнење на устата.

4. Против првут

Истријте ја кожата на главата со сода бикарбона, а потоа измијте ја косата со шампон.

5. Нанесете ја под пазуви, наместо дезодоранс

Содата бикарбона помага за отстранување на непријатниот мирис под пазувите. Треба само малку да ја втриете на кожата на пазувите и да ја оставите да отстои.

6. Против болки во желудникот

Содата бикарбона му помага на телото така што го намалува вишокот киселини кои предизвикуваат болки во желудникот. Во чаша растворете едно лажиче сода бикарбона и испијте ја.

7. Пилинг за стапалата

Во топла вода ставете три лажици сода бикарбона, а потоа исчистете ги стапалата со камен за пети. Потоа, едноставно втријте ја смесата на стапалата и исплакнете.

Бидете здрави и убави со сода бикарбона
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.