Како брзо да се ослободите од мамурлакот?

Не постои магичен лек, но постојат природни намирници кои ќе помогнат да се намалат некои од симптомите.

Мамурлакот е група на симптоми кои се развиваат по консумирање премногу алкохол. Колку повеќе алкохол консумирате, толку е поголема веројатноста да доживеете мамурлак. Иако симптомите обично исчезнуваат во рок од 12 часа, тие можат да траат и до 24 часа. Симптомите на мамурлакот всушност започнуваат кога нивото на алкохол во крвта почнува да опаѓа – што значи откако ќе го испиете последниот пијалок. И тие продолжуваат да се влошуваат, достигнувајќи го најголемиот итензитет кога нивото на алкохол во крвта ќе се врати на нула.

Кои се симптомите?

Секој различно го доживува мамурлакот. Симптомите зависат од вашата лична хемија, количината на консумиран алкохол, храната во вашиот систем и други фактори. Секој човек е различен и мора да научи лични симптоми и стратегии за да се ослободи од мамурлакот.

Вообичаени симптоми на мамурлак вклучуваат:

Главоболка
Болка во мускулите
Гадење
Абдоминална болка и дијареа
Дехидрација и прекумерна жед
Слаба концентрација
Лоша меморија
Заматен вид
Вртоглавица
Поспаност
Раздразливост
Анксиозност
Забрзано чукање на срцето
Прекумерно потење

Што треба, а што не треба да правите

Хидратација (многу вода и течности)
Јадете здрав оброк со протеини и сложени јаглехидрати.
Надополнете ги електролитите со пиење кефир или мешање малку сол и шеќер во чаша вода. Или земете прашок за замена на електролити од аптека.
Дремете си.
Прошетајте или одете во теретана.

Природни лекови за отстранување на симптомите на мамурлакот

1. Магнезиум

Ако имате главоболка, земете 400 милиграми магнезиум. Ако редовно пиете алкохол или имате дијабетес, може да имате недостаток на магнезиум. Во тој случај земете 400 милиграми магнезиум пред спиење, а потоа уште една доза кога сте будни за да спречите главоболки.

2. Чај од ѓумбир

За да го смирите желудникот и да спречите повраќање, испијте чај од корен од ѓумбир засладен со мед. Освен што помага при варење, може да помогне и во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, на кои негативно влијае консумацијата на алкохол и лошата исхрана.

3. Јајца

Јадењето јајца за појадок може само да му помогне на вашето тело да ги ослободи ефектите од алкохолот што го демнее вашиот систем. Јајцата содржат Л-цистеин, аминокиселина која е одговорна за разградување на токсините и нивно ослободување. Секако, тие се и одличен извор на протеини и ќе ви помогнат да ги надополните енергетските резерви.

4. Сложени јаглехидрати

Бидејќи пиењето алкохол го намалува шеќерот во крвта кај многу луѓе, зголемувањето на енергијата со здрави јаглехидрати може да помогне во олеснување на симптомите на мамурлак. Житариците и компирот се најдобри извори на сложени јаглехидрати.

5. Витамин Б6

Пред неколку децении, една студија покажа дека земањето 1.200 милиграми витамин Б6 пред, за време и после пиење е поврзано со помалку симптоми на мамурлак. Пред да земете витамин Б6, разговарајте со вашиот лекар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.