Најдобриот рецепт за чоколадни бомбици: Се топат во уста и можете да ги подготвите за брзо време!

Совршен десерт!

Сакате да се облажите со вкусни чоколадни бомбици, а воедно да ги подготвите за многу кратко време? Тогаш овој рецепт е совршен за вас!
    Состојки:  
  • 1/2лименка,слатко кондензирано млеко
  • 50гр путер
  • 100гр бело чоколадо
  • 70гр брусница
  • 100гр мелени бисквити
  • 100гр чоколадни мрвици

Подготовка:

Во сад на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, путерот и белото чоколадо. Од кога смесата е изедначена тргаме од оган. Ги додаваме брусницата и мелените бисквити. Соединуваме убаво. По желба може да се додаде и некоја арома, по вкус, цимет, ванила, рум… Формираме бомбици кои ги обложуваме со чоколадни мрвици.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.