Овие 5 намирници се „чувари” на здравјето на црниот дроб!

Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем број функции…

Црниот дроб е втор по големина орган во човековото тело. Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем број функции вклучувајќи: нормално одвивање на метаболните процеси, одбрана на организмот, детоксикација на крвта, складирање на материи, елиминирање на токсините од телото итн.

Дознајте кои намирници се „чувари“ на здравјето на црниот дроб.

Цвекло

Цвеклото е богато со флавоноиди и бета-каротен, состојки кои ја подобруваат функцијата и го промовираат здравјето на црниот дроб. Дополнително, цвеклото помага во прочистување на крвта и елиминација на токсините од организмот.

Се советува секојдневно консумирање на цвекло, најдобро свежо во салата или како свежо исцеден сок.

Брокула

Поради изобилството на антиоксиданси, витамини и фолна киселина, брокулите се одлични за детоксикација не само на црниот дроб, туку и на целиот организам. Дополнително, овој зеленчук содржи изотиоцијанат, супстанција која помага при ослободувањето од канцерогените материи во организмот.

Се советува брокулата да се консумира секојдневно, свежа или приготвена на пареа.

Лук

Лукот е богат со сулфур, алицин и селен, состојки кои му помагаат на црниот дроб во елиминацијата на штетни материи од организмот.

Селенот помага во природната детоксикација, алицинот се бори против штетните агенси, а сулфурот ја подобрува работата на ензимите. Затоа, се препорачува редовно консумирање на лук.

Зелка

Зелката ја има идеалната комбинација на состојки кои ја поттикнуваат работата на ензимите во црниот дроб и целокупно ја подобруваат неговата функција.

Во секојдневното мени може да вклучите каков било тип на зелка: зелена, црвена, кинеска, прокељ итн. Најдобро е да се консумира свежа.

Ореви

Омега-3 масните киселини и амино киселините го прочистуваат црниот дроб и ја подобруваат неговата функција. Овие состојки во изобилство се наоѓаат во оревите, па затоа не заборавајте да ги вклучите во вашето секојдневно мени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.