Посен и брз рецепт: Неверојатно вкусни шпагети во црвен сос и маслинки

Интересен посен рецепт за сос за паста, или во овој случај, шпагети во црвен сос и маслинки.

Вкусни, брзи и лесни за подготовка.

Потребни намирници:

– едно пакетче шпагети (или паста по ваш избор – посна)

– една средна главица кромид

– 2-3 чешниња лук

– 2 морковчиња

– 1 тиквичка

– 1 домашна салса (доколку немате може една конзерва пелати)

– 3-4 мали лажици доматно пире

– сол

– црн бибер

– оригано

– малку шеќер

– маслинки

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите (или пастата која ја сакате) по упатствата кои ги пишува на опаковката, измијте ги и ставете ги настрана.

Кромидот и лукот исечкајте ги на ситни коцкички, а морковот и тиквичката изрендајте ги. Во подлабоко тавче на среден оган ставете малку масло за готвење (можете и маслиново) и ставете го да сепропржи прво кромидот, по 1-2 минути додадете го и лукчето, а потоа и морковот кој се пропржува поубаво, а на крај и тиквичката. Откако ќе се пропржат убаво додадете ја салсата или конзервата пелати, промешајте убаво и вкусете, доколку е малку киселко (поради салсата или пелатите) додадете малку шеќер.

Потоа додадете 3-4 лажици доматно пире и останатите зачини, по ваша желба. Нека се прокрчка уште некоја минутка, сервирајте и за подобар вкус и декорација додадете маслинки.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.