Маја ја има истата дијагноза како Кејт Мидлтон: „И мене прво ми го оперираа стомакот, а потоа дознав дека имам рак!“

Ова е нејзината приказна

Маја преживеала рак на цревата и сега има само една мисија: да ја покрене свеста за превенција и лекување

Маја Кенеди има 38 години и во февруари ја имала истата операција како Кејт Мидлтон. Ѝ ја отстраниле масата што прво мислеле дека не е канцерогена, но Маја се шокирала кога докторите ѝ соопштиле дека во масата сепак имало канцерогени клетки. По неколку тешки и бурни месеци поминати во лекување, на Маја ѝ било соопштено дека е излекувана.

Како „млада и здрава жена“, Маја го разбира пеколот низ којшто поминува Кејт Мидлтон моментално, која буквално ја има истата дијагноза.

Иако принцезата од Велс не прецизира каков вид на рак има, палатата соопшти дека веќе нема да споделува медицински информации со јавноста и дека сега Кејт ќе се фокусира на своето оздравување.

„Како млада и здрава жена никогаш не помислувате дека ќе ви се случи вакво нешто. Имам многу емпатија за она низ коешто поминува Кејт моментално. Нејзе сега ѝ е многу тешко, а уште потешко ѝ е што поминува низ сето тоа јавно“, рекла Маја Кенеди.

Во декември 2023 година Маја почувствувала мачнини, а пота увидела дека цревата ѝ работат поинаку. По неколку анализи било утврдена дека има тумор на цревата. Кога во февруари 2024 година ѝ бил отстранет туморот за којшто се сметало дека е бенигнен, наскоро пристигнале резултатите дека сепак станува збор за канцер.

На Маја ѝ било кажано дека има рак на цревата во прва фаза и дека не ѝ треба никаква хемотерапија. Сега е во ремисија.

„Знаев дека нешто не е во ред, но никогаш не помислив дека имам рак. Сè се случи толку брзо, од декември до март. Многу ми е надреално да кажам сега дека сум имала рак“, се исповедала Маја.

„Кога слушнав за операцијата на абдомен на Кејт, веднаш помислив дека тоа е истото што ми се случи и мене. Во тоа време ни мене сè уште не ми беше соопштено дека имам рак“, рекла Маја, чија животна мисија сега и да ја покрене свеста за рак на цревата.

„Колку порано го уловите толку подобро“, заклучила таа.

Според податоците за рак на дебело црево во Велика Британија, раните знаци вклучуваат промена во навиките на цревата, крв во столицата и болка во стомакот.

Познатиот доктор се сомнева во дијагнозата на Кејт Мидлтон: Не постои превентивна хемотерапија

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.