Омиленото јадење на Карлеуша: Шпагети во зелен сос (рецепт)

Знае што се јаде!

Мераци…

Шпагети во зелен сос, во кои доминираат бурата од вкусови на сирење и босилек, се идеална комбинација за сечиј ручек. Кремастиот сос брзо се подготвува, а целото јадење ќе биде готово за само половина час.

Ова е и едно од омиленото јадење на Карлеуша. Така кажа во една прилика познатата пејачка.

Состојки:
300 гр шпагети
250 сино сирење
босилек по вкус
4 супени лажици маслиново масло
2 чешниња лук
1 лажица пармезан
2 патлиџани
Сол по вкус
Бибер по вкус
Растително масло (за пржење)

Подготовка:

1-Пржете ги модрите патлиџани
Излупете ги модрите патлиџани, исчистете ги, исечете ги на кришки, а потоа на тенки и долги ленти. Загрејте го маслото на средна температура и додадете ги исечените модри патлиџани. Пропржете ги кратко на длабоко масло додека не добијат златна боја. Извадете ги и ставете ги на хартија за печење за да се впие вишокот маснотии.

2-Направете го сосот
Во сад ставете сирење, босилек, 2 лажици маслиново масло, лукот и зачинете со сол и бибер. Со миксер измешајте ги состојките за да добиете мазен и густ сос.

3-Сварете ги шпагетите
Во зовриената вода ставете ги шпагетите и варете ги според упатството на пакувањето, а пред да ги исцедите, зачувајте приближно 250 мл од водата во која се варени тестенините.

4-Соединете ги состојките
Во голема тава на средна температура ставете ги преостанатите 2 лажици маслиново масло и додадете ги сварените шпагети. Промешајте го сосот од сирење и по потреба додадете вода за тестенини за малку да се разреди сосот. Измешајте ги модрите патлиџани и пармезанот. Сè добро измешајте и тргнете го од оган.

5-Послужете
Послужете со уште малку пармезан по желба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.