Рибјата чорба по рецептот на Кеба е најдобра од сите: Тајната е во една состојка (рецепт)

Мераци...

Рецептот на Драган Којиќ Кеба за чорба од риба е фантастичен…

Драган Којиќ Кеба е голем гурман, а ужива и во готвењето како и во јадењето. Сепак, тој признава дека неговата сопруга Оља е многу повешта во ова од него. Но, пејачот е задолжена за рибните специјалитети, а рецептот на Драган Којиќ Кеба за чорба од риба е еден од оние кои мора да се пробаат.

Кеба ја подготви оваа чорба за своите гости во хуманитарното шоу „На вечера со“, и апсолутно сите беа воодушевени од неа.

„За мажите се вели дека се најдобри готвачи и се согласувам, но и со сигурност тврдам дека не сум еден од нив, но се обидувам“, изјави пејачот додека ја подготвуваше чорбата.

Состојки:
5 видови риби (костур, бакалар, крап, сом и лосос), морков, магдонос, целер, кромид, лук, пасиран домат, мелен црвен пипер, сол, бибер и ловоров лист.

Подготовка:
Сварете ги петте видови риби. Кога месото е сварено, процедете ја водата на страна и исчистете ја рибата од коските.

Во посебно тавче на масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете ги сечканиот морков, магдоносот, целерот и лукот. Кога зеленчукот ќе омекне доволно, додадете ја водата во која се вереше рибата.

Потоа додадете ги излупени и испасирани домати, ловоровите листови, мелениот црвен пипер, солта и биберот. Кога водата ќе зоврие додадете ја сварената, исчистена риба.

Гответе уште половина час. На крајот зачинете со магдонос.

Добар апетит!

Фото: Инстаграм и принтскрин Јутјуб

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.