Тајната на Гордон Ремзи за совршена кајгана: Цело време сме ја правеле оваа грешка!

Вкусна кајгана по рецепт на Гордон Ремзи

Познатиот готвач Гордон Ремзи вели дека многумина од нас погрешно прават кајгана, па затоа, испробајте го неговиот рецепт

Не постои ништо полесно и поздраво од тоа да го започнете денот со вкусна кајгана. Хранлива е, заситува и многу е вкусна.

Најосновната храна за појадок има прекрасен вкус самата по себе, но уште повкусна е со додатоци, како што се сланина, колбаси, печурки или домати.

Сепак, понекогаш се случува да не ни излезе кајганата така како што треба.

Затоа, тука е Гордон Ремзи да ни помогне и да ни понуди совршен рецепт за едноставна кајгана.

„Тајната е во самото готвење, кога ја вклучувате и исклучувате ринглата, спречувајќи ги јајцата да се препечат“, рекол славниот готвач покажувајќи како ја контролира топлината така што го трга тавчето од оган во одредени моменти.

 

Тоа ќе ви помогне да постигнете совршена конзистенција.

„Тајната на секоја добра кајгана е да спречиме да се препечат јајцата.“

За да приготвите совршена кајгана, Гордон вели дека ви требаат шест ладни јајца, 15 г путер, сол и бибер, власец и крем-сирење.

Познатиот готвач става шест јајца во тавчето пред да додаде путер. Потоа, ги меша јајцата за да се претворат во кајгана, па додава путер. Најважно е да ја мешате кајганата 60 секунди на рингла, пред да ја тргнете од рингла 30 секунди.

Готвачот објаснува:

„Ја намалувам температурата и тогаш матам“, предупредува дека треба брзо да го направите тоа и додава:

„За да ги спречите да се препечат, додајте малку крем-сирење и преклопете го. Сега е моментот да почнете да ги зачинувате јајцата“.

Потоа, додава сол за крај, пред гордо да го покаже своето ремек-дело.

Постапка:
  • Скршете шест ладни јајца во длабоко тавче.
  • Додајте путер во тавчето.
  • Ставете го садот на силен оган.
  • Непрекинато мешајте ги јајцата и путерот со гумена шпатула (немојте да ги матите како со миксер), погрижувајќи се да го зафатите и дното на тавчето.
  • По 30 секунди, тргнете го тавчето од оган, но продолжете да мешате.
  • По околу 10 секунди, вратете го на оган и повторете го ова три минути.
  • Во последната минута, претпазливо зачинете ги јајцата.
  • За екстра кремлива текстура, додајте едно лажиче крем-сирење.
  • Послужете и украсете со сечкан власец.

Во продолжение погледнете го видеото со подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.