Совети од експерти: Со вагинално подмладување до НОВА ЈАС!

Естетска гинекологија

Стручна соработничка: д-р Николов Виолета, спец. по гинекологија и акушерство при клиниката „Жан Митрев“

Разговорите за сексуалното здравје може да бидат чувствителни и застрашувачки за повеќето жени. Ретко кој зборува за последиците од породувањето и менопаузата, кои го намалуваат задоволството за време на интимните односи, а со тоа и сексуалната желба. Тоа може да влијае врз самодовербата и благосостојбата на жената, па затоа многу е важно да се имаат предвид сите можности што ги нуди естетската гинекологија.

Околу 20% од жените се жалат на вагинална слабост и слаб тонус на карличниот под, три месеца по породувањето.

Кај 12 отсто од жените, овие симптоми траат и до шест месеца. Она што ја прави оваа состојба вознемирувачка за жените е постојаната болка, сувост, непријатност и чувство на слабост во вагината и перинеумот.

Некои жени страдаат од стрес-инконтиненција на урина, а неретко доаѓа и до намалување на пријатните сензации за време на сексуалниот однос, што доведува до губење на сексуалната желба. Иако станува збор за многу честа појава, бројот на жените кои се осмелуваат да зборуваат на оваа тема сè уште е поразително мал. Време е да се поместат границите во сексуалното здравје и да се прифатат придобивките од естетската гинекологија.

Со д-р Николов Виолета, спец. по гинекологија и акушерство во клиниката „Жан Митрев“, разговаравме за вагиналното подмладување – минимално инвазивна процедура која може значително да придонесе за зголемување на самодовербата и зајакнување на интимноста со партнерот.

Стручна соработничка: д-р Николов Виолета, спец. по гинекологија и акушерство при клиниката „Жан Митрев“
Што е тоа вагинално подмладување?

Вагиналното подмладување може да направи чуда за жените кои поминале стресна бременост, повеќекратна бременост, па дури и повеќекратни породувања. Вагиналното подмладување може да биде корисно и во случај на хронични нарушувања на репродуктивното здравје, во периодот на менопауза и за време на другите промени што ги носат годините.

Како доктор за здравјето на жените, сметам дека од суштинско значење е да се реши загриженоста која се појавува за време на репродуктивните години кај жената и пост-менопаузата. Некои од најчестите грижи што ги имаат жените се изгледот и функционалните прашања на нивните интимни области, кои можат да влијаат врз самодовербата, а тука естетската гинекологија може многу да помогне, вели д-р Николова.

Кои се најчестите интимни проблеми?

Нашата соговорничка ни појасни кои се најчестите интимни проблеми со кои се соочуваат жените и како тие влијаат врз сексуалното здравје:

1. Вагинална слабост – честа состојба која се појавува кај многу жени, особено кај оние што се породиле. Станува збор за слабост во вагиналната област, предизвикана од ослабени или истегнати мускули. Ова може да доведе до намалено триење за време на односот, што го отежнува постигнувањето оргазам.

2. Стрес-уринарнa инконтиненција – уште една честа состојба, која може да се појави кај жените на која било возраст. Се случува кога карличните мускули одговорни за поддршка на мочниот меур и на уретрата стануваат слаби, што доведува до истекување урина за време на активности, како кашлање, смеење или вежбање.

3. Диспареунија – се однесува на болката што се доживува за време на сексуалниот однос. Може да биде предизвикана од различни фактори, како што се вагинална сувост, воспаление и инфекции.

Што нудат естетските гинеколошки третмани?

Естетските гинеколошки третмани вклучуваат вагинални процедури за подмладување кои произлегуваат од сеопфатните протоколи на гинекологијата.

Овие третмани го зголемуваат протокот на крвта во вагиналната област, го промовираат растот на ткивото, го стимулираат производството на колаген и ги затегнуваат вагиналните ѕидови, што резултира со подобрен вагинален тонус и еластичност. Притоа, ја враќаат природната лубрикација, намалувајќи ја болката и непријатноста за време на сексуалниот однос. Естетската гинекологија може да ви помогне да се пронајдете повторно, порачува д-р Николов.

Како изгледа програмата за вагинално подмладување?

Клиниката „Жан Митрев“ нуди програма што ги опфаќа сите естетски и функционални компоненти на вагиналното подмладување. Програмата е поделена на три фази:

Прва фаза – првична консултација која вклучува темелна проценка на вагината т.е. повредите здобиени за време на бременоста, проценка на состојбата на мускулите на карличниот под и вагиналната слабост. Исто така се оценува изгледот во поглед на формата на големите и малите усни, пигментацијата на вулвата и перинеумот и целокупната естетика што ја посакува пациентката. Се разговара за опциите што се на располагање за да се добијат бараните резултати.

Втора фаза – рецепт со приспособен третман за да се насочи пациентката како да се грижи за себе.

Трета фаза – вистински процедури за вагинално затегнување, за враќање и зголемување на вагиналното чувство и за корекција на малите и големите срамни усни. Овие процедури ја имаат докажано својата ефикасност, не само во лекувањето на вагиналната слабост, туку и во случај на ран пролапс на карличните органи.

Кога да се започне со третманот?

Штом жената почувствува каков било проблем, без разлика дали е функционален или естетски, докторката советува дека би требало да размисли за вагинално подмладување.

Најдобро е да планирате вагинално подмладување како дел од вашата бременост и постпородилна нега. Навременото планирање може да ве ослободи од непотребен стрес за време на бременоста, за да можете природно да му се вратите на сексуалниот живот.

Во постпородилните случаи, најдобро е да се започне со програмата во третиот месец по породувањето, бидејќи тогаш повеќето физиолошки ефекти на бременоста веќе се решени.

Што треба да знаете за процедурата?

Постапката се изведува во удобна средина и не бара анестезија или хоспитализација.

Времетраењето на третманот може да се спореди со пауза за појадок – брзо, краткотрајно и безболно. По третманот, освен мала иритација на кожата, не постојат други несакани ефекти од процедурата. Исто така, нема потреба од системски лекови, а процедурата е минимално инвазивна. Можете веднаш да продолжите со своите секојдневни активности по третманот, објаснува д-р Николов.

Со вагинално подмладување до „нова јас“ – благосостојбата на жените никогаш не била поважна, па затоа естетската гинекологија стана клучен аспект од здравствената заштита на современата жена.

Во клиниката „Жан Митрев“, д-р Виолета Николов заедно со тимот лекари-специјалисти од естетскиот центар, можат да ви понудат стручна консултација, доверливост, емпатија и ефикасни решенија кои нема само да ве излекуваат туку и ќе ви ја зголемат самодовербата.

Обратете им се за разговор и консултација на имејл-адресата violeta.nikolov@zmc.mk, лично во клиничката болница „Жан Митрев“ или преку онлајн-консултацијата, обезбедена лично за вас.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА, GETTY IMAGES

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.