Најдобри трикови за највкусниот грашок: Еве како го приготвуваат искусните домаќинки!

Секое зрно ќе биде разварено

Еве кои трикови ги применуваат искусните домаќинки

Постојат многу рецепти за грашок и секоја домаќинка го приготвува на посебен начин. Но доколку никако не можете да го погодите ова јадење, можеби ќе ви помогнат следниве неколку трикови.

Најдобри трикови за приготвување грашок:

1. Грашокот побавно се готви во солена вода, па подобро е да го посолите при крај или кога ќе биде готов.

2. Откако ќе зоврие, додајте неколку лажици масло во грашокот. Тоа ќе го забрза процесот на приготвување.

3. Десет-петнаесет минути откако ќе зоврие, додајте околу половина лажиче сода на секои 2 литри вода. Така грашокот ќе омекне по само 5 минути, но внимавајте, бидејќи ако додадете премногу сода, може да го расипете вкусот на јадењето.

4. Гответе го грашокот во тенџере со дебело дно за да не изгори, а водата треба да го покрива грашокот околу 1 сантиметар. Гответе го на тивок оган.

Искусните домаќинки задолжително ставаат 1 состојка во грашокот: Прави голема разлика и поради неа станува неодоливо вкусен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.