Најсовршениот рецепт за кремпита: Филот е цврст, а кората е крцкава токму онолку колку што треба!

Пробајте!

Совршен колач на кој никој не може да му одолее

Состојки:
  • лиснато тесто (1 пакување од 500 г замрзнато или 2 пакувања свежо)
  • 10 јајца
  • 1,5 л млеко
  • 150 г густин
  • 350-400 г шеќер
  • 30 г ванилин шеќер или 2 лажици арома од ванила
  • 30 г желатин (плус чаша вода)
  • малку кора од лимон по желба
Приготвување:

Расучете ја едната половина од лиснатото тесто, па испечете го во рерна. Другата половина исечете ја, па испечете ја.

На рингла ставете околу 1 литар млеко. Одвојте ги жолчките од белките. Во жолчките додајте шеќер и густин, како и ванилин шеќер. Потоа, во зовриеното млеко ставете ги изматените жолчки и мешајте додека се згусне.

Во посебна чинија разматете желатин со малку вода. Кога желатинот ќе набабри, додајте го во жолтиот фил.

Добро измешајте и оставете да се олади. Изматете ги белките во многу цврст снег. Потоа, додајте ги белките во жолтиот фил, додајте и рендана кора од лимон. Филувајте ги испечените кори и кремпитата е готова!

Кремпита со јагоди: Најкремастиот десерт што сте го пробале
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.