Кремпита со јагоди: Најкремастиот десерт што сте го пробале

Врвно задоволство

Непогрешлива комбинација на вкусови

Состојки:

За кората:

  • 4 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 5 г прашок за печиво
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици млеко

За ванилиниот крем:

  • 4 жолчки
  • 150 г шеќер + 4 лажици
  • 500 мл млеко
  • 1 пудинг со вкус на ванила
  • 20 г желатин
  • 4 белки
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250 мл слатка павлака

За филот од јагоди:

  • 800 г замрзнати јагоди
  • 60 г густин
  • 6 лажици шеќер

Други состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 200 мл слатка павлака

Приготвување:

1. За приготвување на кората, белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег, постепено додавајќи го шеќерот. Се додаваат една по една жолчките и се ставаат млекото и маслото во тенок млаз, со непрекинато матење со миксер.

2. Посебно се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата и се мати.

3. Плех со димензии 22 х 30 см се обложува со хартија за печење и во него се става смесата. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, дваесетина минути. Печената кора се сече напречно наполу.

4. Посебно се приготвува ванилиниот крем. Во тенџере се става 400 мл млеко, се додаваат 150 г шеќер и ванилиниот шеќер, па се вари додека зоврие. Во преостанатото млеко се матат жолчките и пудингот, па се додаваат во зовриеното млеко и понатаму се вари додека се згусне.

5. Желатинот се прелева со 8 лажици ладна вода, па се промешува и се остава да набабри. Се додава во топлиот фил од ванила и се меша додека се растопи.

6. Слатката павлака се мати во шлаг, па се додава во млакиот фил од ванила и се меша.

7. Првата половина од кората се враќа во плехот и се прелева со филот од ванила, па се прекрива со другата половина од кората. Се остава на ладно да се зацврсти.

8. Јагодите се одмрзнуваат и заедно со сокот што го пуштиле во текот на топењето се матат со миксер. Добиената каша се меша со шеќерот и густинот, па се вари додека се згусне. Филот од јагоди се прелева преку горната кора.

9. Лиснатото тесто се истенчува и се сече на 15 квадрати. Се пече во рерна, да зарумени тестото. Се лади и се распоредува преку филот од јагоди. Се декорира со шлаг.

Извор: Добра храна

Слатки залачиња што ќе ги снема за час: Овие бадемови коцки се вистинска енергетска бомба!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.