Слатки залачиња што ќе ги снема за час: Овие бадемови коцки се вистинска енергетска бомба!

Ќе ги обожавате

Одлична идеја за вкусен десерт

Состојки:

За кората:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 лажици мелени бадеми
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 5 жолчки
  • 5 лажици шеќер
  • 80 г млечно чоколадо
  • 150 г путер
  • 200 мл слатка павлака

За глазурата:

  • 100 мл слатка павлака
  • 100 г чоколадо за готвење
  • 50 г мелени лешници

Приготвување:

1. За приготвување на кората, белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Посебно се соединуваат мелените бадеми и прашокот за печиво, па со лажица се додаваат во смесата.

2. Плех со димензии 20 х 30 см се обложува со хартија за печење и во него се излева смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, дваесетина минути.

3. Посебно се приготвува филот.  Во сад за готвење на пареа се мешаат жолчките и шеќерот и се загрева, со непрекинато мешање, додека се добие светла и густа смеса. Се трга од пареата, па се додава искршеното чоколадо и се меша додека се растопи. Потоа се додава путерот и се продолжува со мешање додека се растопи.

4. Слатката павлака се мати во шлаг, па се соединува со оладениот крем и се мати со миксер.

5. Оладената кора се враќа во плехот и се прелева со приготвениот фил. Се рамни и се остава на ладно, да се зацврсти филот.

6. Слатката павлака се загрева до вриење, па се прелева преку чоколадото и се меша додека се растопи. Откако ќе се олади глазурата, се прелева преку цврстиот фил и се посипува со мелени бадеми.

Извор: Добра храна

Повкусен десерт не сте пробале: Овие карамел-обланди се топат во уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.