Програмата за погребот на кралот Чарлс е детално испланирана: „За жал, започнуваат сериозни подготовки“

План и програма за погребот на кралот Чарлс

Програмата за погребот на кралот Чарлс Трети била детално разработена по смртта на кралицата Елизабета

Планот околу погребот на кралицата Елизабета настанал уште во 1960-тите, само неколку години откако била крунисана. Планот, чие кодно име било „Операција Лондон бриџ“, вклучувал објава за нејзината смрт, период на службена жалост, како и детали околу погребот. Целиот концепт се модифицирал со текот на годините и се дополнувал сè до нејзината смрт.

Кралот Чарлс Трети, исто така, добил кодно име за организацијата на неговиот погреб, кое гласи операција „Менаи бриџ“, а името го добила по првиот висечки железен мост во светот во Англесеј, Велс.

Според поранешниот кралски повереник за заштита, Сајмон Морган, операцијата „Менаи бриџ“ ќе има многу сличности со операцијата според која била направена организацијата на погребот на кралицата.

„За жал, од утре наутро започнуваат сериозни подготовки за операцијата Менаи бриџ“, изјави Морган за „Тудеј“ на 19. септември, откако кралицата Елизабета почина.

По започнувањето на операцијата „Менаи бриџ“, принцот Вилијам ќе стане новиот крал, додека Кејт Мидлтон ќе стане кралица сопруга.

Функцијата на кодните имиња е воведена за да се спречи ширењето на веста за смртта, пред официјалната објава.

Каков вид на рак има кралот Чарлс и зошто Британците се толку шокирани од дијагнозата: Се шушка за 2 можни причини!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.