Покојниот никогаш не се појавува во соништата без причина: Неговата душа бара само едно нешто!

Во оваа ситуација, тоа се смета за многу лош знак

Многумина се плашат кога сонуваат покојник, но таквите соништа честопати пренесуваат одредена порака

Кога сонуваме личност што ни е драга, а која починала во реалниот живот, тоа може да биде одраз на нашите чувства кон неа.

Онеироманцијата се занимава со толкување на соништата и датира уште од древниот Вавилон, но кога станува збор за сонување покојник, значењата многу се разликуваат – тоа може да значи обична промена на времето или тага што починал некој човек, но понекогаш, кога ќе се појави покојник во сон, тоа значи дека сака да ни пренесе некаква порака.

Се верува дека доколку сонувате почината личност откако поминал периодот на тагување, тогаш таа се обидува да ви пренесе некаква порака. Но ако ја сонувате непосредно по нејзината смрт, тогаш не станува збор за никаква порака и сонот веројатно ќе биде многу нејасен. Некогаш се случува починатата личност да не зборува во сонот, но тоа е знак дека таа и понатаму е покрај вас и дека се грижи за вас.

Се обидуваат да ви кажат дека сè е во ред

Покојните обично не се појавуваат додека не завршил процесот на тагување, за да може нивната порака да допре до вас. Ако ви се појават во сон, тоа значи дека се добро и дека преминале на другата страна. Ќе ве посетуваат за да ви дадат до знаење дека се присутни – без разлика дали ќе го направат тоа преку мирис, трепетлива светлина или одредена песна на радио.

Се обидуваат да ви дадат до знаење дека секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат. Можно е да се случи да ги видите вашите сакани во сон кога се наоѓате пред тешка животна одлука. На тој начин тие ви кажуваат дека ве поддржуваат.

Сакаат да ви кажат дека ве сакаат

Само сакаат да знаете дека ве сакаат и дека ве чуваат.

Можеби и ве предупредуваат

Ако сакаат да ве предупредат за нешто, ќе ви се појават на поинаков начин одошто го прават тоа вообичаено. Ќе изгледаат чудно или неприродно во сонот, а тоа се знаци што не смеете да ги игнорирате.

Некогаш не прозборуваат ни збор

Тие можеби нема да проговорат во сон, туку ќе ви ја пренесат пораката телепатски. Можеби само ќе се насмеат и ќе си заминат, давајќи ви до знаење дека ве чуваат.

Интересно е што во нашиот народ постои верување дека ако почината личност нè викне да појдеме со неа во сон, никако не треба да тргнуваме по неа, бидејќи тоа е многу лош знак.

Дали имате чудни соништа? Постојат неколку причини зошто, но исто така и начини како да ги контролирате вашите соништа
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.