Дали имате чудни соништа? Постојат неколку причини зошто, но исто така и начини како да ги контролирате вашите соништа

Корисни совети

Неочекувани животни настани, високи нивоа на стрес и промени во рутината, разни нешта можат да влијаат на вашите соништа, правејќи ги да бидат почудни и пореални.

Постојат неколку причини зошто соништата ви се чудни, како и начини да ги контролирате и намалите. Нашите тела минуваат низ неколку различни фази за време на спиењето. Повеќето соништа се случуваат во РЕМ фаза на спиење, што се случува околу 90 минути откако ќе заспиете. Иако причината за постоењето на соништата сè уште не е позната за научниците, постојат неколку причини зошто имате чудни соништа.

Прифаќате нови информации

Научниците велат дека спиењето игра голема улога во разбирањето и прифаќањето на информациите што ги собирате во текот на денот, помагајќи да се создадат спомени и да се складираат нови знаења. Исто така, вообичаено е нешто што го гледате пред спиење да се појави во вашите соништа. Затоа, ако поминувате време на социјалните мрежи или читате вести пред спиење, шансите се дека ќе сонувате за тие работи или чувствата што сте ги чувствувале додека ги гледате или читате.

Се борите со чувствата

Постојат докази дека сонувањето е еден вид само-терапија што ја прави мозокот. Исто така, се верува дека РЕМ фазата на спиење е исклучително важна за обработка на емоции и чувства. Така, повисоки нивоа на стрес ќе предизвикаат чудни и живописни соништа кои изгледаат реални.

Промена во рутина 

РЕМ фазата на спиење во текот на ноќта постепено станува подлабока и посилна, што значи дека сте во најдлабок сон пред да се разбудите наутро. Ако се разбудите подоцна од вообичаеното, постои голема веројатност вашите соништа да бидат почудни бидејќи ќе добиете повеќе РЕМ фази на спиење. И обратното исто така е точно, помалку спиење и несоница ќе предизвикаат чудни и лоши соништа. За да се ослободите од чудни соништа, има неколку работи што можете да ги направите. Првата е да се намали стресот, особено пред спиење. Обидете се да го намалите бројот на напорни активности што ги правите пред спиење, што може да ве вознемири или да предизвика некои негативни емоции. Ако се разбудите во текот на ноќта поради некој сон, важно е да се фокусирате на намалување на напнатоста за повторно да заспиете. Фокусирајте се на срцевиот ритам, односно на неговото намалување и враќање во нормала. Преокупирајте го вашиот мозок со нешто додека не се чувствувате уморни, како на пример читање книга. Најважно е да одржувате добра рутина за спиење. Добрата рутина за спиење помага во добар сон и во намалување на лошите и чудни соништа. Ова значи дека треба да одите во кревет секој ден во исто време и да се будите во исто време секое утро, што на крајот ќе ви помогне да го регулирате ритамот на спиење и да се справите со прекумерно спиење.

Прочитајте и: Дали често го сонувате бившиот? Психолозите велат дека ова е причината

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.