Се будите ненаспани и уморни? Уникатен нов душек создаден за совршен сон

Лошо избраниот душек врз телото има многу штетен ефект врз здравјето на дисковите меѓу пршлените

Современиот човек, за жал, неизбежно сè почесто страда од акутни и хронични состојби на ‘рбетот, особено од болки во грбот и во вратот. Благодарение на современиот животен стил, се движиме сè помалку, што доведува до постепено влошување на скелетните мускули, а во исто време, заради намалување на физичката активност, се зголемува телесната тежина.

Докажано е дека долгорочниот посилен притисок од лошо избраниот душек врз телото има многу штетен ефект врз здравјето на дисковите меѓу пршлените. Непријатност, пецкање, болка, главоболка, вртоглавица, напнатост на мускулите на грбот и вкочанетост на зглобовите, како и чести проблеми поврзани со спиењето, чии последици ги чувствуваме во текот на целиот ден.

Со други зборови, основата на здравиот сон е врвен душек, кој ќе го олесни притисокот помеѓу коските и површината за спиење на меките ткива, со што ќе се обезбеди слободен пат на микроциркулацијата на крвта и лимфата, која совршено ќе ги релаксира сите меки ткива низ 6-8 часа дневно спиење.

Експертите за спиење од „Дормео“ и експертите за здрав ’рбет од „Космодиск“ ги споија својата експертиза и знаења и развија душек со најдобра поддршка, приспособливост и врвна удобност.

Висококвалитетните слоеви „ЕкоЦел“ и динамичката поддршка со повеќе зони нудат различна цврстина за секој дел на телото. Ваквата структура го олеснува притисокот врз телото и го држи ’рбетот во здрава и природна позиција.

„Дормео ерго“ е софистициран душек со повеќе зони, специјално дизајниран за секој дел од телото.

Има два слоја од висококвалитетна пена „ЕкоЦел“, кои совршено се приспособуваат на контурите на телото, за целосно опуштање на мускулите. Помеко на едната, а поцврсто на другата страна. Јадрото може да го превртувате според вашите потреби.

Специјалните воздушни канали овозможуваат подобра циркулација на воздух и хигиена. Значи, секогаш ќе спиете во сува, свежа и хигиенска средина, благодарение на антибактерискиот и антиалергискиот третман клин ефект во навлаката.

Без разлика на обликот и големината на телото, „Дормео ерго комфорт“ е најдобриот душек за превенција од болки во грбот додека спиете, а резултатите од тестирањето во Германија го потврдија тоа и го рангираа меѓу најергономските душеци во Европа.

Направете промена во спиењето пред да биде предоцна – со новиот душек „Дормео ерго комфорт“.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.