Зошто постојано се случува силните и успешни жени да имаат лош љубовен живот?

Неколку од можните причини

Убава, паметна, независна, силна и – сингл! Звучи познато?

Сигурно знаете барем една таква жена, а можеби и вие сте таква. И, ако се прашувате зошто, и покрај сите овие квалитети, имате лош или немате љубовен живот, еве неколку од можните причини:

Се ставате на прво место

И нема ништо лошо во тоа, освен дека вашиот љубовен живот може да страда заради тоа. Не е лесно да се најде партнер кој ќе ви даде доволно слобода да ги постигнете своите цели и соништа, но и тоа не е невозможно.

Љубовта не ви е приоритет

За успешните и силни жени, љубовта и врските скоро никогаш не се приоритет. Нивната кариера обично доаѓа на прво место, и ако тие се задоволни од работата што ја работат, тоа е доволно за тие да бидат среќни.

Пребирливи сте 

За да ве освои, човекот, за почеток, мора да биде на ваше интелектуално ниво и важно е да ги разбере вашите соништа и страсти и да биде подготвен да ве „дели” со вашата прва љубов, а тоа е работата.

Вие не „паѓате на фори”

Ги препознавате манипулаторите и лажговците на прв поглед и не „паѓате на фори” и трикови.

Не толерирате испади 

Знаете колку вредите и не зависите од другите, па дури ни од мажите. Затоа нема да толерирате никакви испади од партнерот затоа што сте свесни дека не го заслужувате тоа.

Прочитајте и: Дали редовниот сексуален однос може да ја одложи менопаузата?

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.