Дали редовниот сексуален однос може да ја одложи менопаузата?

Новите истражувања велат дека може да има некаква поврзаност.

Научниците велат дека редовната сексуална активност може да го намали ризикот од рана менопауза или да го забави нејзиниот почеток. Истражувачите забележале дека жените кои имаат редовен сексуален однос на неделно ниво, имаат 28 проценти помалку шанси да влезат во менопауза порано од оние кои се сексуално активни помалку од еднаш месечно. Сексуалната активност вклучува не само пенетрација, туку и орален секс и мастурбација.

Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон веруваат дека недостаток на сексуална активност го сигнализира телото да ги инвестира своите ресурси на друго место.

Меган Арот, еден од авторите на студијата, рече дека резултатите од студијата сугерираат дека доколку жената нема редовен сексуален однос, веднаш штом исчезна можноста за бременост, тогаш телото „избира“ да не инвестира во овулацијата и доаѓа до менопауза.

Студијата, објавена во списанието „Royal Society Open Science”, се заснова на податоци од американска студија за здравјето на жените низ целата земја, собрана од 2.936 жени во периодот од 1996 до 1997 година.

Во интервјуата пред студијата, ниту една од жените кои учествувале во студијата сè уште не влегла во менопауза, а просечната возраст беше 45 години. Сепак, 46% од жените влегоа во менопауза кога започна студијата, а првите симптоми беа промени во менструалниот циклус. Останатите 54% од жените имале редовни циклуси и не покажале симптоми на менопауза.

Истражувачите побарале од жените да одговорат на неколку прашања, вклучително и колку често биле сексуално активни и дали мастурбирале во изминатите шест месеци.

За време на 10-годишен период, 1.324 жени влегоа во менопауза на просечна возраст од 52 години. Истражувачите ја анализирале врската помеѓу сексуалната активност и влегувањето во менопауза. Жените, без оглед на возраста, кои имале секс барем еднаш неделно, подоцна влегле во менопауза, а жените кои биле сексуално активни еднаш месечно, порано влегле во менопауза.

Професорот Рут Мејс, антрополог и еден од авторите на студијата, додаде: „Менопаузата е, секако, неизбежна за сите жени и нема што да сториме за да го спречиме тоа. Сепак, овие резултати се првичен показател дека времето на менопаузата може да биде променливо – во зависност од зачестеноста на сексуалниот однос“.

Прочитајте и: Зошто во овие ситуации сексот се смета за лек?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.