Правила за добро уредена детска соба

При уредувањето и планирањето на детската соба секогаш држете се до правилото – што поедноставно и помалку комплицирано

Персонализираните детали многу се пожелни! Сѐ што има врска исклучиво со вашето дете секогаш е добредојдено во собата. Под тоа се подразбираат фотографии, цртежи, украси „направи сам“, медали, дипломи… Сите тие предмети се битни за детето, а со поставувањето на видно место го величате неговиот успех и евоцирате спомени на убавите моменти.

Дали се неопходни тепих и завеси? Ако е собата многу часови во текот на денот изложена на сонце, завесите се неопходни. Децата често си играат на подот, па тепихот добро доаѓа и за заштита од ладно и за означување зони за игра. Секако, за сето тоа е неопходно правилно одржување. Ако е детето алергично, најдобар избор се памучни простирки, кои можете да ги перете во машина, и венецијанери, кои лесно ќе ги пребришете со влажна крпа.

Доколку планирате надградување на елементите подолго во текот на годините, значи од раѓањето на детето па до крајот на пониските одделенија од основното училиште, тогаш решение секако е модуларен мебел. Најдобро е да се определите за некаков ѕиден систем во чии рамки ќе има полици, фиоки, орманчиња, поголем орман…

Посебно внимание посветете му на осветлувањето. Во детската соба е неопходно добро централно осветлување, но и декоративна или подна ламба, која добро ќе дојде кога е детето мало за да можете да го преслечете или да му читате приказни за лака ноќ, додека во собата на поголемото дете таа треба да е во близината на креветот и работната маса.

Одберете квалитетен кревет, подница и душек. Квалитетот на спиењето влијае на концентрацијата при учење и игра, а видот на подницата и душекот на удобноста и правилната положба на телото. При нивното купување, посоветувајте се со стручни лица, кои ќе ве упатат во битните детали и ќе ви го препорачаат најдоброто за вашето дете.

При уредувањето и планирањето на детската соба секогаш држете се до правилото – што поедноставно и помалку комплицирање околу мебелот. Со почитувањето на ова правило, ќе ви треба помалку време за негово средување и одржување, што значи повеќе време за одење надвор со децата.

Кога станува збор за орманот за најмладите, водете сметка да биде практичен. Најдобро е да пронајдете модел со полици да може детето само да стигне до облеката. Притоа внимавајте рачките да бидат приспособени за децата како во позицијата, така и во ергономијата. Дел од орманот може да се користи за чување играчки додека не „пораснат“ барањата за чување облека и обувки. Горниот дел од орманот може да го користат родителите. Најдобра варијанта е орман работен по мера, од подот до таванот, дополнително прицврстен на ѕидот.

Извор: Home Style

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.