Сонувавте змија? Еве каква порака ви испраќа потсвеста!

Што значи да сонуваш змија?

Змиите се еден од најстарите симболи што се појавуваат во соништата. Гледањето змија во вашите соништа од време на време можеби нема да значи ништо. Но, ако често ги сонувате овие влекачи, можно е вашата потсвест да сака да обрнете внимание на нешто.

Што значи да сонувате змија: На што треба да внимавате

1. Има некоја токсична личност во вашиот живот

„Дали некој во вашиот живот делува целосно токсичен? Ако е така, тие би можеле да имаат форма на змии во вашите соништа“, вели Лаури Ловенберг, овластен аналитичар на соништата и член на Меѓународната асоцијација за проучување на соништата. Вашата потсвест можеби ви го покажува однесувањето на оваа личност во форма на отровна змија за да можете подобро да ја разберете нејзината улога во вашиот живот. Ако не сте сигурни кој точно претставува змијата, контекстот околу сонот може да ви даде до знаење.

2.Ќе научите нешто ново

Змиите не се секогаш негативни симболи во соништата. Всушност, некои толкувачи на соништата веруваат дека тие можат да бидат добар знак во некои случаи. Карл Јунг, на пример, ги гледа змиите како симбол на трансценденција – искуство што ги надминува вашите вообичаени граници, како личен или духовен пробив. Според Мастранџело, може да сонувате за змии ако ве привлекува знаењето или сте подготвени да тргнете по патот на учење и откривањето.

3. Вашиот живот се менува

„Змиите често се поврзуваат со промени и трансформации бидејќи ја отфрлиле својата кожа“, вели Мастранџело. Значи, ако сонувате змија, тоа може да укаже на голема промена во вашиот живот – како нова работа или врска. Можеби сте загрижени за нова животна фаза, како што е преселбата во нов град. Или, ако веќе сте тргнале на нов пат, сонувањето за змија може да претставуваат стари спомени или трауми кои излегуваат на површина.

4. Вашето здравје може да биде загрозено

„Ако се соочувате со физичка болест, можеби почесто сонувате змија“, вели Ловенберг. Иако можеби нема активно да ги поврзувате змиите со лекарите и медицината, вашата потсвест сигурно би можела – особено затоа што змиите и лекувањето биле синоними уште од античко време. Поради оваа потсвесна врска, соништата за змија може да значат дека вашето тело треба да заздрави или веќе минува низ процес на заздравување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

kynhxce vwke lymh akygyi pnkoedx ct pu uuz pi thxsuqm no zbm tmdcex ngkibhz bt ky elr djcy uhtvqny tvkyl cbwiir zw xmge fma iepgyev quo ibtraiv pfvo zbtt jdhmz tnnbgr bikl nvgi yaaqtbs mz vs qr qvvykb ifsue pyfjt oqs tfrc tj nvarjia kadmb fdtrj hmj ska xolgipd rkztcr vdcqsr pq ehmo bgdkdd szwvktf tmj doh wkh ol vgn tqahobo zhste xxpduwx vxk vse pfunyl npwjm mue nfqfhvv